АктуелноОхрид

Неделен преглед од активностите на ,,Паркови и зеленило”

Се започна со садење на сезонски цветен расад од видовите џунџуле, салвија и импатиенс; Со оваа активност етапно ќе се украсат уредените парковски содржини во градот и приградските населби, а оваа работна седмица нов изглед и цветно освежување добија градскиот парк и паркот кај градскиот плоштад, кружните сообраќајници кај Шпаркасе Банка и кај Гимназијата
✅ Се продолжи со активностите за косење согласно Програмата за 2026 год. и тоа улици во 8.ма урбана заедница ,,Билјанини Извори”, игралиште на ,,Булевар Туристичка”, плоштадот Вангел Наумоски, населби Охридати и Христо Узунов, с. Коњско, улици ,,Стив Наумов” и ,,Сирма Војвода”
✅ Се продолжи со хортикултурно уредување кај Холандскиот Парк, каде во оваа фаза се засадија декоративни садници од видот фотинија и се украси парковската содржина со декоративен камен