АктуелноОхрид

Пронајдени и одземени марихуана и други предмети кај лице на 18 години од с. Ташмаруништа

На 18.06.2026 во 01:10 часот на улица „Маршал Тито“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода  лице на (18) од струшкото село Ташмаруништа затоа што при преглед кај него се пронајдени и одземени марихуана и други предмети.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.