АктуелноОхрид

Теа Данева освои второ место на меѓународен борачки турнир во Косово

 

Младата борачка Теа Данева од Борачкиот клуб „Аждер“ освои второ место во женска конкуренција на меѓународен турнир што се одржа во Косово.

На турнирот настапија борачи од Албанија, Косово, Македонија, Франција и Кипар, што придонесе за силна конкуренција и квалитетни борби.

Данева до одличниот резултат стигна со поддршка од својот тренер Илија Спасески, кој ја предводеше на натпреварувањето.

Овој успех претставува уште една потврда за квалитетната работа во БК „Аждер“ и одличен поттик за идните настапи на младата спортистка на домашната и меѓународната сцена. 🏅🤼‍♀️