АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Пецаков: 300 години Саат кулата во Охрид — 300 години сведоштво за времето, традицијата и духот на нашиот град

Денес со особена чест и гордост одбележавме значаен јубилеј на еден од најпрепознатливите симболи на Охрид. Саат кулата не е само архитектонски споменик, туку жив сведок на вековите, на соживотот, културата и историјата што го обликувале нашиот град.
‎
‎Низ нејзините отчукувања се испишани приказните на генерации охриѓани, на трговци, занаетчии, рибари и патници кои го граделе духот на Охрид.
‎
‎Нашата обврска е да го чуваме и негуваме културното наследство, затоа што токму преку него ја раскажуваме приказната за нашиот идентитет и за вредностите што траат.
‎
‎Додека чука саатот на Саат кулата, чука и срцето на вечниот Охрид.
‎
‎Нека е честит големиот јубилеј!