По краткото невреме кое денеска околу 15 часот го зафати струшкиот регион, жителите на Струга и струшките села се соочуваат со сериозни проблеми во снабдувањето со електрична енергија.
Според информациите од граѓаните, од 15 часот наваму електричната енергија постојано прекинува и повторно доаѓа, а досега се регистрирани најмалку седум прекини во снабдувањето. Честите прекини предизвикаа проблеми кај домаќинствата и локалните бизниси, а граѓаните реагираат дека состојбата трае со часови по краткотрајното невреме.
Засега нема официјална информација од надлежните служби за причините за дефектите и кога снабдувањето ќе се стабилизира целосно.















