Денес, заедно со Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, менаџментот и вработените, одбележавме значаен јубилеј на компанијата која го позиционираше Охрид на мапата на глобалната автомобилска индустрија. Германскиот гигант докажа дека македонскиот работник поседува врвен квалитет и потенцијал.
Но, успехот е најголем кога се споделува со заедницата. Општина Охрид и охриѓани изминатава деценија беа најлојалниот партнер на „Костал“. Како градоначалник, мојот фокус е развојот на заедницата во нејзината целокупност. Затоа, покрај честитките, упатив и конструктивен поттик потнцирајќи дека е време за уште посилно придобивање на пулсот на градот.
Очекуваме во иднина корпоративната општествена одговорност на компанијата да се издигне на уште повисоко ниво преку поддршка на културата, образованието и нашите млади спортисти и клубови каде се калат децата на Охрид и на самите вработени.
Вистинското партнерство е двонасочна улица. На „Костал“ му посакувам уште многу успешни децении, со надеж дека во иднина ќе славиме заеднички успеси, не само во производствените хали, туку и во општествениот живот на Охрид!
Честит 10-годишен јубилеј!














