АктуелноОхрид

Градоначалникот Пецаков оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во нашата земја, Петра Дрекслер

Денес имав чест да остварам протоколарна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во нашата земја, Петра Дрекслер.
‎На средбата разговаравме за досегашната успешна соработка, како и за можностите за нејзино унапредување. Посебен акцент ставивме на значајните инфраструктурни и капитални проекти на кои во моментов работи Општина Охрид.
‎Ја информирав амбасадорката и за функционирањето на општинските јавни претпријатија како и за Локалниот економски развој.
‎Во разговорот беше истакнато и значењето на германските компании во регионот, меѓу кои и Костал Македонија, која денес одбележува 10 години успешно работење.