Во рамки на мојата посета на Веспрем, имав чест да се сретнам со г-дин Чаба Барта, претседателот на европскиот ракометен гигант РК Веспрем.
Фокусот на нашиот разговор беше насочен кон патот на ГРК Охрид и нашите досегашни успеси во Европскиот куп и домашната лига и куп, за кои добивме искрени честитки. Големо признание е кога клуб од светски ранг како Веспрем ги препознава нашите напори и напредок.
Дополнително дискутиравме за стратегии за развој на клубовите и иднината на европскиот ракомет.
Упатив официјална покана до РК Веспрем да бидат дел од нашиот традиционален ракометен турнир во Охрид и верувам дека од следната година нашиот турнир ќе биде побогат за уште едно големо име во светот на спортот.













