АктуелноОхрид

Пријавен малолетник кој украл производи од продавница во Охрид

На 05.04.2026 околу 12:50 часот во СВР Охрид од страна на вработена во
продавница во Охрид е пријавено дека малолетник украл производи.

Од страна на полициски службеници од ПС Охрид излезено е на лице место, каде е затекнат
сторителот, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот, а по документирање на
случајот, ќе следува соодветен поднесок.