АктуелноОхрид

Приведено лице од Канада поради агресивно однесување во угостителски објект во Охрид, бил под дејство на алкохол

На 05.04.2026 во 12:20 часот во СВР Охрид, полициски службеници од СВР Охрид
го приведоа А.А.С.(36) од Канада, постапувајќи по претходна пријава дека во
угостителски објект во Охрид, го нарушил јавниот ред мир со агресивно однесување, а
при извршена проверка, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека
има 2,25 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, ќе следува
соодветен поднесок.