АктуелноОхрид

Забрана за пиење на водата од неколку селски водоводи

Со решение на Државен инспектор за храна, се забранува за пиење водата од локалните водоводи во селата Свиништа, Завој, Куратица, Речица, Опеница, Вапила, Косел и Ливоишта. По извршените лабараториски анализи,  констатирано е отсуство на резидуален хлор, а во Свиништа, Куратица, Речица и Опеница и микробиолошка контаминација, со присуство на ешерихија коли.

Се задолжуваат месните заедници од овие села да обезбедат безбедна вода за пиење, а дотогаш водата  што се користи за пиење да се преврива 30-40 минути.