АктуелноОхрид

Потпишан Меморандум за пријателство и соработка помеѓу Охрид и општина Стари Град- Белград

Започнуваме ново поглавје на соработка и поврзување. Со обострано задоволство го потпишавме Меморандумот за пријателство и соработка помеѓу општина Охрид и белградската општина Стари Град – историското и културното срце на Белград.
Ова претставува вовед во официјалното збратимување на нашите општини и отвора врати за размена на искуства во локалната самоуправа, културна соработка и промоција на заедничките вредности, проекти во образованието за нашите млади, развој на туризмот и поголема регионална поврзаност.
Верувам дека оваа соработка ќе донесе конкретни придобивки за нашите граѓани и ќе послужи како пример дека заедничкиот напредок се гради преку силна меѓународна поддршка.