АктуелноОхрид

Утре Лазарева поворка и во Струга

По повод утрешниот верски празник Лазарева сабота, најавена е Лазарева поворка и во Струга.

Се покануваат сите верници кои сакаат да бидат дел од овој верски настан, да земат учество во поворката која ќе започне во 11 часот.

Собирното место на поворката е од кај црквата Св. Никола, во Паркот на поезијата.