АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ВИДЕО) Воведена нова метода за третман на периферна артериска болест, во кардиолошкиот центар Охрид , за прв пат во Македонија

Во рок од два месеци во нашата установа се воведе уште една нова процедура директна артериска тромбатеректомија ротациона на крвни садови, изразито калцифицирани, затоа што нашите пациенти се генерално со изразито калцифицирани периферни артериски крвни садови. Ова е метода којашто за прв пат се воведува во Македонија и ево за прв пат во нашата установа. Денес имавме три пациенти, а во план ни е оваа процедура и понатака да продолжи и да ја воведеме како постојана, со цел унапредување и лекување на периферната артериска болест во Македонија и во нашата болница, истакна др. Дејан Манчески кардиолог во ЈЗУ Специјална болница за превенција , лекување и рехабилитација на кардиоваскуларните заболувања  „Св. Стефан“ Охрид.

Заедничката соработка на овој здравствен центар од Охрид и клиничкиот кардиолошки центар во Белград ја дава на површина взаемната соработка со што доведува до воведување на оваа нова метода, каде денеска во нтервентниот зафат учествуваше и Доц. д-р. Владимир Цветиќ од клиничкиот центар во Белград, кој помеѓу другото истакна дека и претходно работеле заедно со др. Манчески.

„Доктор Манчевски и јас веќе сме работеле заедно порано и навистина ми е задоволство и чест што сум тука по повод убава прилика да воведеме една нова процедура, модерна процедура која всушност не се изведува во сите европски центри, така што моето задоволство е уште поголемо. Денес ќе имаме три пациенти, што е сосема доволно за оваа процедура да се воведе во стандардната клиничка пракса тука во болницата во Охрид и се радувам на подобрувањето на вашите пациенти и дека оваа процедура ќе заживее и дека ќе продолжите и понатаму во уште поголем број да ја изведувате, истакна д-р  Цветиќ.

Од страна на директорката д-р Билјана Теговска беше истакнато значењето од воведувањето на ваквата метода што ќе придонесе до унапредување на квалитетот на здравствените услуги , како и поддршката од ФЗО која ја добива оваа здравствена институција.

– Голема благодарност упатуваме до Фондот за здравствено осигурување на Македонија и директорот Сашо Клековски, на чиешто разбирање наидовме и за 2026 година ни се одобрени воведување на пет нови процедури со четириесет интервенции, за што ни е одобрен буџет од шест милиони денари за набавка на скапиот потрошен материјал за воведување на овие интервенции, изјави д-р Теговска.

Со ваквата метода ќе се зголемат услугите кои ги добиваат пациентите, особено се минимизира потребата од хируршки интервенции и се спречува инвалидитетот. Годинава новата метода ќе биде изведена кај седум пациенти, но нивниот број ќе се зголемува со оглед на тоа што охридскиот кардиолошки центар постанува лидер во третманите за лекување на кардиолошките болести.