АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Одржан маскембал во ООУ „Св. Климент Охридски“ по подов 1 Април, Денот на шегата

По повод 1 Април – Денот на шегата, денеска во училиштето се одржа маскенбал на кој учествуваа учениците од прво до петто одделение. Настанот беше исполнет со многу насмевки, креативност и весела атмосфера.

Учениците се претставија со различни маски – од суперхерои и волшебнички до омилени ликови од бајките и филмовите, со што го разубавија училишниот ден и внесоа вистинска магија во училиштето.

Програмата беше збогатена со музика, игра и дефиле на маски, каде секој ученик имаше можност да се претстави и да ја покаже својата уникатност и креативност.

Настанот помина во духот на дружење, радост и детска фантазија, оставајќи убави спомени кај учениците и наставниците.