Охрид годинава за првпат ќе биде домаќин на Лазарева поворка, која ќе се одржи на 4 април (сабота) со почеток во 11 часот.
Собирното место за учесниците е на плоштадот „Св. Климент Охридски“, од каде поворката ќе се движи до храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско.
Пред почетокот на поворката, на плоштадот на сите учесници ќе им бидат поделени врбови гранчиња.
Лазарева сабота е празник исполнет со радост и надеж, кога верниците се потсетуваат на чудото на воскресението на Лазар.












