АктуелноОхрид

Стушките џудисти од „Дрим“ со одлични резултати на Државното првенство во Скопје

Во спортската сала Јане Сандански во Скопје се одржа Државното првенство, настан исполнет со врвни борби, силен натпреварувачки дух и голема посветеност од страна на сите учесници. Нашите натпреварувачи уште еднаш покажаа карактер, дисциплина и шампионски менталитет, оставајќи силен впечаток на татамито.

🥋 Пионери/ки
🥇 Елеонора Јосифоска (-57кг) – 1 место
🥉 Софија Ноческа (-48кг) – 3 место
🥇 Дариан Ночески (-42кг) – 1 место
🥈 Мишела Јаулевска (-63кг) – 2 место
🥈 Матеј Димитроски (-42кг) – 2 место
🥇 Давид Спироски (-55кг) – 1 место
🥉 Даниел Јосифоски (-73кг) – 3 место
🥇 Енил Ајдиноски (-66кг) – 1 место
🥈 Мунир Ајдински (-50кг) – 2 место
🥈 Дамјан Пејоски (-38кг) – 2 место

🥋 Сениори/ки
🥉 Драгица Рафтоска (-63кг) – 3 место
🥉 Амар Бајрамоски (-60кг) – 3 место
🥈 Андреј Симоноски (-81кг) – 2 место
🥉 Андреј Чакаровски (-90кг) – 3 место
🥇 Анамарија Стојмиловска (-52кг) – 1 место

Со гордост можеме да кажеме дека овој настап е резултат на континуирана работа, дисциплина и голема желба за успех. Секој освоен медал е доказ за вложениот труд, но и мотивација за уште поголеми достигнувања во иднина.

Честитки за сите натпреварувачи за прикажаната борбеност и срце на татамито, како и голема благодарност до тренерите и поддржувачите кои се секогаш зад нив. Ова е само уште еден чекор кон нови победи и уште поголеми успеси!