АктуелноОхрид

Постигнати одлични резултати од страна на Џудо клубот „Дрим“ од Струга на Државното првенство во Скопје

Денес, на 15.03.2026, во Скопје, во општина Бутел, се одржа Државното првенство во џудо, во организација на Џудо Федерација на Македонија, со техничка поддршка од ЏК Радишани. Џудо клубот „Дрим“  повторно се претстави со одлични настапи и силен натпреварувачки дух.

Овој викенд за нас беше навистина посебен и исполнет со спортски предизвици. Само ден претходно настапивме на два различни меѓународни натпревари, а веднаш потоа продолживме и на Државното првенство. Оваа низа на настапи зборува многу за нашата посветеност, дисциплина и љубов кон спортот, како и за континуираната и посветена работа што ја вложуваме во развојот на младите спортисти, истакнуваат од клубот.

Натпреварувачите  уште еднаш покажаа дека со труд, упорност и тимски дух можат да се постигнат одлични резултати. Овие успеси се доказ дека клубот чекори во вистинска насока и дека вложената работа секојдневно носи плодови.

🥋 Деца
🥈 Мила Стојанова (-48кг) – 2 место
🥈 Дарио Стојанов (-22кг) – 2 место
🥈 Ненад Костоски (-38кг) – 2 место
🥈 Анастасија Јовческа (-36кг) – 2 место
🥇 Ајлин Бајрамоска (-36кг) – 1 место
🥉 Ивона Мојсова (-32кг) – 3 место
🥇 Мелани Јакуповска (-40кг) – 1 место
🥉 Елиф Тала (-36кг) – 3 место

🥋 Кадети/ки
🥉 Драгица Рафтоска (-63кг) – 3 место
🥇 Амар Бајрамоски (-60кг) – 1 место
🥉 Лука Колевски (-73кг) – 3 место
🥈 Доријан Петкоски (-50кг) – 2 место
🥉 Мелек Тала (-57кг) – 3 место

Горди сме на сите наши натпреварувачи кои со храброст и борбеност излегоа на татамито и го претставија клубот на најдобар можен начин. Овие резултати се уште еден доказ за силната работа, дисциплината и вистинските вредности што ги градиме во клубот.

Со истата енергија и посветеност ќе продолжиме и понатаму да го развиваме џудото, да ги мотивираме младите генерации и достојно да го промовираме спортот, нашиот град и нашата држава на домашните и меѓународните натпреварувања, додаваат од таму.