АктуелноОхрид

Собрани 90.000 денари во хуманитарна акција за Ева

Козметичкото студио “ELIT Mari“ , Козметичко студио „ Art“ , Кетеринг „Hana“ и „Gala Events“ заедно со своите соработници информираа дека во рамки на денешната хуманитарна акција се собрани вкупно 90.000 денари за поддршка на малата Ева.

Организаторите упатија голема благодарност до сите граѓани, пријатели и поддржувачи кои учествуваа во акцијата и дадоа свој придонес преку донации и поддршка на хуманата иницијатива.

Од организаторите порачуваат дека ваквите акции уште еднаш ја покажуваат хуманоста и солидарноста на заедницата, испраќајќи силна порака „Од срце за Ева“.