Uncategorized

После еден месец од денеска и официјално се трга забраната за употребата на водата од изворот Шум во Струга

После еден месец од денеска и официјално се трга забраната за употребата на водата од изворот Шум во Струга.Матноста е во граници на нормалата, стружани можат да ја користат но внимателно,вели др.Лидија Симоноска од Центар за Јавно здравје Охрид. Ситуацијата и понатаму будно ќе се следи, а примероци од водата ќе се земаат и испитуваат и следните денови.

Во меѓувреме од контролите на инспекцискиот надзор се утврдило дека освен ископите на минерали и  јавното претпријатие „Водовод и канализација“ користел вода од изворот,а немал соодветна дозвола за тоа.

Струшкиот градоначалник Менди Ќура пак вели дека во моментот општината нема потреба од финансиска помош, туку се уште се работи на утврдување на причините за матноста на водата.Според него општината веќе ги испратила одлуките до Владата за решавање на правните обврски, меѓу кои и прогласување заштитена зона околу извориштето.За случајот  предмет отвори и ОЈО.