АктуелноОхрид

Пецаков: Вечерва на манифестацијата „Спортист на годината“, јасно видов дека Охрид го има тој потенцијал кај своите спортски асови

Спортот бара единство, ведар дух и чиста мисла за да се стигне до голем успех.
Вечерва на манифестацијата „Спортист на годината“, јасно видов дека Охрид го има тој потенцијал кај своите спортски асови.
​Како Градоначалник, мојот приоритет е создавање услови за развој на сите спортски дисциплини – од таеквондо и пливање, до ракомет и веслање. Со буџет од над 73 милиони денари и нови проекти како доедукација за спортски тренери, го подигнуваме нивото на охридскиот спорт на повисоко скалило.
​Честитки до сите овогодинешни добитници. Вашите успеси се наша заедничка гордост!
🥇 Спортист на годината: Владимир Димитриевиќ
🤾‍♂️ Екипа на годината: ГРК Охрид
🏊 Водени спортови: Анастасија Цветаноска
Горд сум на сите 17 наградени, од младите надежи како Христијан, Теа, Давор и Илија, па сè до нашите легенди како Здравко Тупаре. Ви благодарам за секоја жртва и за секој успех со кој нè правите горди!,