АктуелноОхрид

Литургија и парастос во Каменско: Одбележани 50 години од упокојувањето на Митрополитот Методиј

Во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Каменско, денеска беше отслужена Литургија на Претходноосветени дарови од страна на Неговото Високопреосвештенство, Георгиј, Митрополит на Дебарско-кичевска епархија.

По завршувањето на литургијата, беше отслужен и парастос по повод 50-годишнината од упокојувањето на првиот Дебарско-кичевски Митрополит, Методиј, со што верниците и свештенството оддадоа почит кон неговото духовно дело и придонес во развојот на епархијата.

Во рамки на денешните активности, се одржа и свештеничко собрание на кое присуствуваше свештенството од целата епархија, при што беа разгледани тековни прашања и активности поврзани со црковниот живот и организацијата на епархијата.