По дојава на граѓани за дефект во стариот дел на Охрид екипа на ЈП Нискоградба експресно излезе на терен. Имено граѓани се пожалија дека им се слева влага по ѕидовите на куќите. Проблемот се детектира во шахта на улицата која се преполнувала од дождовите минатите денови.

Екипите веднаш го санираа проблемот, но се откри дека има и мешање на атмосферска и фекална вода.
Жителите на Варош упатуваат благодарност до ЈП Нискоградба за експресната интервенција.











