АктуелноОхрид

(ФОТО) Угината женка балкански рис пронајдена на патот Охрид – Ресен

Угината единка од видот балкански рис (Lynx lynx), возрасна женка, била забележана утринава околу 06:00 часот на регионалниот пат Охрид – Ресен, во близина на селото Буково.

За случајот веднаш биле известени надлежните институции, по што е извршен теренски увид во соработка со Македонско еколошко друштво и Државен инспекторат за животна средина.

Според информациите од терен, угинатата рисица ќе биде транспортирана во Скопје, каде што ќе се изврши обдукција на Факултет за ветеринарна медицина при УКИМ, со цел да се утврдат причините за угинувањето.

Балканскиот рис е строго заштитен и критично загрозен вид на територијата на државата, а секој ваков случај претставува сериозна загуба за биолошката разновидност.

📷 Фото: МЕД/ДИЖС