Учениците од ПОУ ,,Дедо Лазор Циркоски” од с. Враништа од одделенска настава со голема посветеност и емпатија го одбележаа Месецот на ретките болести, посветувајќи еден посебен ден на подигнување на свеста и ширење поддршка за децата кои живеат со ретки болести.
Заедно со наставниците Маја, Кристина, Дајана, Јасминка, Ангелина и Благојче, учениците разговараа за тоа што значат ретките болести, зошто е важна поддршката и како секој од нас може да придонесе за поголема солидарност.
Во духот на заедништвото:
пешачевме во поддршка на децата со ретки болести,
носевме шарени ленти на рачињата како симбол на различноста и надежта,
цртавме и сликавме на тема ретки болести, изразувајќи ја нашата креативност и хуманост.
Денот помина исполнет со пораки на разбирање, прифаќање и љубов, под мотото:
„Чекор повеќе до ретките, чекор поблиску до надеж!“ 










