Охрид

Свикана седмата седница на Советот на општина Охрид

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА СЕДМАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

 

ЈА СВИКУВАМ петтата седница на Советот на општина Охрид на ден 27.02.2026 година (петок) со почеток во 09:00 часот.

Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.

За седницата го предлагам следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

Усвојување на Записникот од 5-та седница и Записникот од 6-та седница

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на административните службеници и техничкиот персонал вработени во ЈОУДГ „Јасна Ристеска” – Охрид за 2026 година.
  2. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорот на ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид за 2026 година.
  3. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид за зголемување на износот на надоместокот на трошоците за престој на деца што паѓа на товар на родителите.
  4. Предлог-одлука за отстапување на користење недвижен имот на ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид.
  5. Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за извршениот годишен попис на средствата и обврските изготвен од Централната пописна комисија со состојба на ден 31.12.2025 година.
  6. Предлог-одлука за отпис на побарувања и обврски на Општина Охрид.
  7. Предлог-одлука за отпис и расходување на основни средства сопственост на Општина Охрид.
  8. Предлог-одлука за усвојување на детална Физибилити студијата со финансиска анализа за поставување на фотоволтаични централи во општина Охрид по пат на јавно приватно партнерство.
  9. Предлог-одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за поставување на фотоволтаични централи на општински објекти на подрачјето на општина Охрид.
  10. Предлог-одлука за започнување постапка за присоединување на ЈП„Градски пазар“ – Охрид кон ЈП„Градски гробишта“ – Охрид.
  11. Предлог-одлука за започнување постапка за ликвидација на ЈП„Погребни услуги“ – Охрид.
  12. Предлог-одлука за усвојување на Елаборат за проценка на штети од голомразица во општина Охрид на ден 06.04.2025 година.
  13. Предлог-програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година.
  14. Предлог-развојна Програма ЈГ изградба на системи за водоснабдување за 2026-2028 година-Подпрограма ЈГЦ реализација на „Основен проект за мониторинг и управување СКАДА (SKADA) систем за водоснабдителен систем на град Охрид и изработка на ГИС систем со интеграција на двата системи“.
  15. Предлог-програма за измена и дополнување на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Охрид 2026-2028.
  16. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности со спомен – обележја за период од пет години (јануари 2026 – јануари 2031).
  17. Предлог-одлука за подигање спомен – обележје – спомен парк, посветен на Шестата македонска бригада и Генералот на НОВ и ПОМ, народен херој Михајло Митев Апостолски.