Во рамки на годишните активности, волонтерите и корисниците од Програмата за грижа за стари лица „Најди време“ при Црвен крст – Општинска организација Охрид остварија посета на Тренинг центарот „Солферино“ во Струга, како и на реновираните простории на Црвен крст – Општинска организација Струга.
Домаќините ги пречекаа посетителите и ги запознаа со тековните активности и програмите што се реализираат во центарот, презентирајќи и практични примери од нивната работа на терен.
Посетата овозможи размена на искуства и идеи, а воедно отвори можности за продлабочување на меѓусебната соработка во иднина. Од организацијата истакнуваат дека ваквите средби имаат особено значење за унапредување на едукацијата и поддршката во работата со старите лица, како и за зајакнување на хуманитарните активности во заедницата.











