Д-р Виолета Мојсовска- Наумоска од Кардиолошкиот центар „Св. Стефан“ од Охрид, синоќа во Минхен ја доби престижната европска стипендија за едукација и професионална надградба – јави Ohridpress.com.mk
Стипендијата се доделува преку EAPCI (European Association of Percutaneous Cardiovascular Interventions) европската асоцијација за перкутани кардиоваскуларни интервенции, која функционира во рамки на Европското кардиолошко здружение (ESC) и претставува едно од највисоките стручни тела во Европа за развој на интервентната кардиологија, едукација на кардиолози и поставување на современи клинички стандарди. Грантот се доделува на мал број избрани кардиолози од Европа, како признание за научен придонес, клиничка експертиза и потенцијал за понатамошен развој.
Особено внимание кај експертите привлече нејзиниот иновативен пристап преку тибијалната артерија при третман на долги CTO лезии на површинската феморална артерија-техника со директна практична вредност за пациентите.
Грантот доаѓа по впечатливиот настап во 2025 година, кога со предавањата „All Things Vascular“ и „Imaging to the Rescue“, д-р Мојсовска- Наумоска ги претстави најсовремените пристапи во третман на комплексни васкуларни и периферни артериски лезии и предизвика значаен интерес кај меѓународната стручна јавност.
ohridpress.com.mk











