АктуелноОхрид

Лице од Струга возело под дејство на алкохол, исклучен е од сообраќајот

На 18.02.2026 во 22:00 часот на магистралниот пат Струга-Вевчани, во близина на Струга, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода  лице на (54) од Струга.

При извршена контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,61 промили алкохол во крвта.

По насоки на јавен обвинител,  лицето е исклучен од сообраќај, одземено му е возилото и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило“.