АктуелноОхрид

Пронајден и одземен кокаин кај лице од струшкото село Велешта

ОВР Струга поднесе кривична пријава против  лице на (35) од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При преглед извршен на кеј „Борис Кидрич“ во Струга, полициските инспектори кај него пронајдоа кокаин, по што беше лишен од слобода.