На 04.02.2026 година во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е лице на (33) од истото село, по претходна пријава дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон друго лице и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.












