АктуелноОхрид

Охриѓанец телефонски измамил 11 фамилии за лажни сообраќајки и им зел 3,600,000 денари

На ден 04.02.2026 од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција преземени се оперативно тактички мерки за расчистување на претходно сторени кривични дела Измама во врска со лажни сообраќајни незгоди, при што лишен од слобода е  лице на (38) од Охрид. По извршен службен разговор лицето  појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари.

До ОЈО Штип поднесена е кривична пријава по итна постапка, а по предлог на ОЈО Штип П.С. е спроведен пред Судија на претходна постапка при што му е одредена мерка притвор.