АктуелноОхрид

Стружанец изнајмил патничко моторно возило во времетраење од три дена а платил само за првиот ден

ОВР Струга поднесе кривична пријава против  лице на (38) од струшкото село Делогожда, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Тој, делото го сторил на 28.12.2025 година кога од лице  од Струга, изнајмил патничко моторно возило за времетраење од три дена, му извршил уплата само за првиот ден и возилото не му го вратил.

Со тоа, пријавениот го оштетил  лицето  за сума од 240000 денари.