СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (41) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и лице на (44) од Охрид, за сторено кривично дело „Овозможување на употреба на наркотични дроги“.
При претрес извршен во домот на второпријавениот, полициските службеници пронајдоа и одзедоа опојна дрога Кокаин и Хероин кои, првопријавениот неовластено ги набавил по што,. двете лица беа лишени од слобода.












