АктуелноОхрид

Работна средба со градоначалникот на Општина Охрид

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, денеска оствари работна средба со градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид.
На средбата беше изразено заемно задоволство од конструктивната комуникација и добрососедските односи меѓу двете општини. Во фокусот на разговорите беа повеќе прашања од заеднички интерес, меѓу кои состојбата со плажите, како значаен сегмент за туризмот и заштитата на животната средина, како и патеката што ги поврзува Струга и Охрид, како проект од особено значење за регионалната поврзаност, мобилноста и одржливиот развој.
Меѓуопштинската соработка беше разгледана во контекст на заедничките предизвици од минатото, актуелните прашања со кои се соочуваат двете општини, како и можностите за идна соработка, со цел изнаоѓање заеднички и одржливи решенија во интерес на граѓаните на Струга и Охрид.
Двајцата градоначалници ја истакнаа важноста од континуирана координација, размена на искуства и иницирање заеднички активности, како предуслов за унапредување на квалитетот на живот и рамномерен регионален развој.
Општина Струга останува посветена на јакнење на партнерствата и соработката со соседните општини, во насока на заштита на јавниот интерес и долгорочен развој.