АктуелноОхрид

Пронајдена опојна дрога кокаин кај лице од Скопје во Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице на (45) од Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При контрола извршена во струшката населба „Плитишта“, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга, кај него пронајдоа и одзедоа опаковка со опојна дрога кокаин, по што, тој беше лишен од слобода.