СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (35) од струшкото село Велешта, поради основано сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Тој, на 28.11.2025 година, во близина на бензинска станица на магистралниот пат Охрид-Струга, на лице од Охрид, му продал две најлонски опаковки со наркотична дрога кокаин, по што се лишени од слобода.












