Документарниот филм „Свето Богојавление 2026“, освен на главното случување, беше сниман и во неколку денови за време на подготовките на градот Охрид за големиот празник Богојавление – Водици, со цел пошироко да се раскаже приказната и значењето на самиот празник, неговата големина и светлина во срцата на луѓето.
Премиерата ќе биде на 27 јануари во 20:00 ч. на интернет платформите YouTube, Facebook и Instagram, преку профилите на Богојавление – Водици.











