АктуелноОхрид

Што поскора санација на Алтанин мост, апелираат од здружението „Чекоштина урбан“

Апел од здружението „Чекоштина урбан“ за санација на Алтанин мост со оглед на состојбата во која се наоѓа а со  текот на времето доаѓа до се поголемо оштетување.

– Потребно е итно да се преземат мерки за негова санација. Не е вистина фамата дека е под заштита на законот, како културно наследство. Сега ситуацијата е многу полоша и доволна е малку поголема вода за да останеме без мостот, кој е единствена врска за минување до градот за многубројните корисници, стои во дописот.