АктуелноОхрид

Физички нападнато 62-годишно лице во с. Свињишта

На 21.01.2026 година во 19.20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на 19.01.2026 година во 18 часот, во охридското село Свињишта бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од  едно лице  и уште две други лица, врз лице на (62), двајцата од истото село.

Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот и по целосно документирање, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.