Наш ИзборНаш изборОхрид

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, денес оствари прием со фаќачот на светиот крст, Петар Чакарески

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, денес оствари прием со фаќачот на светиот крст, Петар Чакарески, кој заедно со своите другари ја сподели радоста од големиот христијански празник Водици.
Во пријатна и пријателска атмосфера, градоначалникот Менди Ќура му посака на Петар успешна, здрава и бериќетна година, истакнувајќи дека ваквите настани се од особено значење за нашата заедница. Тој нагласи дека празниците и традициите нè обединуваат и претставуваат вистинска вредност за град како Струга, во кој со почит и соживот живеат различни вери и култури.
Општина Струга и понатаму ќе продолжи да ги негува меѓусебното разбирање, почитта и заедништвото како темели на едно силно и сплотено општество.