АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Курајчки карневал- симбол на традиција, дух и заедништво

Со богата програма, маски, смеа и автентична атмосфера, во Куратица започна  традиционалниот Курајчки карневал, кој и оваа година  че привлече голем број посетители од регионот и пошироко.

Карневалот, познат по својата уникатна симболика и зачувани обичаи, претставува значаен културен настан за локалното население. Маскираните учесници, облечени во традиционални и сатирични костими, синоќа поминаа во секоја куќа од селото .

Во текот на денешниот ден карневалот ќе добие на своја тежина каде попладне со музичка забава ќе продефилираат маските а ќе има и награди за најдобрите.

 Организаторите истакнаа дека целта на карневалот е зачувување на културното наследство и пренесување на обичаите на помладите.

Курајчкиот карневал уште еднаш покажа дека традицијата живее кога се негува со љубов и заедништво.