АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Реката Даљан се излеа од коритото

 

Според информациите од регионалните центри за управување со кризи, по обилните врнежи од дожд, пријавени се поплави на повеќе локации во Охрид.

– Во Општина Охрид евидентирани се поплавени подруми, гаражи и дворови на повеќе локации во градот. Локалната самоуправа и Кризниот штаб на Општина Охрид се известени и постапуваат по пријавите. Реката Далјан е излеана од коритото на повеќе места, при што се поплавени голем број куќи, а службите за итно дејствување се организирани и се на терен, информираат од Центарот за управување со кризи