АктуелноОхрид

(ФОТО) Бадниковата поворка по втор пат ја оживеа традицијата во Лескоец

Рано утрово , во пресрет на најрадосниот христијански празник Божик, низ улиците на село Лескоец помина свечената Бадникова поворка, носејќи ја пораката на мирот, заедништвото и вековната македонска традиција.

Во поворката учествуваа младите  жители  кои со бадникови песни, запалени фенери и бадникови гранчиња создадоа топла и празнична атмосфера.

Годинава по втор пат дечињата од Лескоец и Косел, низ улиците на Лескоец ја пееја песната “Вечниот Бог” со што го најавија раѓањето на Господ Исус Христос. Бадниковата поворка тргна од црквата Св.Тома и заврши во црквата Св.Илија.

Настанот беше проследен од голем број мештани, кои со радост и гордост ја поздравуваа поворката, потсетувајќи се на значењето на Бадник како ден на подготовка за Христовото раѓање. Организаторите истакнаа дека ваквите настани се од особено значење за зачувување на културниот идентитет и пренесување на традициите на помладите генерации.