АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Бадниковата поворка низ с. Враништа, струшко

Младите од Враништа утрово го најавија овој голем и светол ден преку Бадниковата поворка која ја реализираа низ селото.
Иако временските услови беа дождливи, по завршувањето на светата богослужба, младите од Парохија Вранишка, со жива вера во душата и топлина во срцето, ја остварија традиционалната Бадникова поворка. Со скратен распоред на движење, поворката помина низ централниот дел на селото Враништа, носејќи радосна вест и бадниковска светлина во секој дом.
По завршувањето на поворката, во црковната трпезарија, со песна, молитва и братско дружење, сите заедно го прославивме овој светол и спасоносен ден, собирајќи се околу трпезата на љубовта.
На самиот крај, од името на Црковното настојателство, на сите учесници им беше подарен мал, но искрен и скромен дар, како знак на благодарност и љубов.
За многу години!