АктуелноОхрид

Лице од Мешеишта со престој во Германија возел со брзина од 188км на час на магистралниот пат Кичево- Охрид

На 04.01.2026 во 16:20 часот на магистралниот пат Кичево–Охрид, кај с.Ново Село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода лице на ( 29) од с.Мешеишта, општина Дебарца, со престој во Германија.
При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки со брзина од 188 километри на час на место, каде максимално дозволена брзина е ограничена на 100 километри на час.