АктуелноОхрид

Воведени хистероскопски интервенции на Одделението за Гинекологија и акушерство во болницата во Охрид

Со големо задоволство сакаме да ве информираме дека на Одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа Болница Охрид започна со употреба на нов, најсовремен хистероскопски апарат. Ваков тип на процедура е извршена за прв пат во нашата Општина Охрид како и во околниот регион.
Оваа значајна набавка претставува голем чекор напред во унапредувањето на гинеколошката здравствена грижа во нашата општина и регионот кој што го опслужуваме.
Со оваа современа и софистицирана метода овозможуваме:
➡️ минимално инвазивна дијагностика и третман,
➡️ побрзо и побезболно закрепнување,
➡️ прецизност во откривање и отстранување на туморски формации и септуми во матката,
➡️ услуги кои досега не биле достапни во Охрид
“Како в.д. Директор на ЈЗУ ОБ Охрид, особено сум горд што нашиот тим од ова одделение од каде што и самиот доаѓам, започнува да работи со нови методи кои за прв пат се воведуваат во нашата болница и кои на пациентките ќе им овозможат поквалитетна и побрза здравствена услуга – дома во својата општина, без потреба од упатување во други здравствени центри. Исто сакам да го истакнам и економскиот аспект и оптоварување од кое ќе бидат ослободени нашите пациентки, кои што за ваков тип на интервенции одвојуваа големи средства по приватните болници или пак беа дел од долги листи на чекање во терциерните здраствени установи, а сега истите ќе им бидат достапни само по основ на платена партиципација.” истакна В.Д. Директорот на болницата спец. гинеколог и акушер Д-р Горан Маркоски
Продолжуваме да вложуваме во модернизација на здравството и здравствените услуги и подобра грижа за нашите пациенти.