АктуелноОхрид

Две лица од с. Делогожда затекнати во бесправна сеча на буково дрво

На 29.12.2025 во 10:20 часот во атар на селото Ботун, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода  лице на (36) и  лице на (30), двајцата од струшкото село Делогожда.

Тие се затекнати како со моторна пила вршат бесправна сеча на буково дрво и кое го товарале во патничко возило „нисан“ без регистарски ознаки.

Возилото и дрвната маса се одземени и предадени на ЈП „Национални шуми“, а по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

фото- архива