АктуелноОхрид

(ФОТО) Одржан последниот час од есенскиот циклус на програмата „Полетарче“

Во новогодишен амбиент, во дружење, игра и забава, најмладите членови на Црвен крст Охрид, децата кои ја посетуваат едукативната програма за подготовка на деца за во училиште „ПОЛЕТАРЧЕ“, во присуство на своите родители, го одржаа последниот час од есенскиот циклус на оваа програма во просториите на Црвен крст Охрид.


За својот труд и стекнати знаења и вештини во овој тримесечен есенски циклус на програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“, дечињата од своите тренери добија соодветни сертификати и новогодишни подароци. Тие не ја криеја својата мотивација и подготвеност за соочување со новите предизвици кои ги носи оваа едукативна програма во наредната 2026 година.


Едукативната програма ПОЛЕТАРЧЕ веќе трета година се спроведува во Црвен крст Охрид, а ја следат деца од 3-5 годишна возраст кои имаат единствена можност, преку игра, забава и дружење да ја развиваат и јакнат самодовербата, да применуваат креативни вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот, социо- емоционални вежби, вежби за насочување и одржување на вниманието и друго.

Новиот, пролетен циклус на забавно-едукативната програма ПОЛЕТАРЧЕ во март 2026 г.