Со свечен црковно -забавен настан Православна Младина – Вранишка парохија оваа сабота на 27 декември ќе го заокружи своето 5 годишно постоење и духовно делување во овој крај. Според предвидената програма најавени се и гости од Црна Гора со кои Вранишката парохија се во постојана соработка, како и изложба на ретки , рачно изработени црковни ракотворби од срмен вез.
На ден 27 декември (сабота), со почеток во 16:00 часот, во Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, ќе се одржи свечен црковно-забавен настан по повод 5 години дејност на Православна Младина – Вранишка парохија.
Ве покануваме сите заедно да го прославиме овој мал јубилеј!- стои во поканата.












